НО-БЕЛ уреди

Posted in
НО-БЕЛ сервис ви ги нуди следниве уреди:
Базис F-300



ОПИС НА РАБОТА НА УРЕДОТ


Водата за пиење од водоводот влегува во првиот претфилтер со полипропиленска мембрана (20 микрони), кој по механички пат ја отстранува земјата, калта, крупниот и  ситниот песок и другите нечистотии кои се раствораат во водата, а кои се поголеми од 20 микрони.
После тоа водата влегува во вториот претфилтер - тип 9CVCA со активен јаглен од висок квалитет кој го апсорбира хлорот и хлорофенолот по хемиски пат.
Потоа водата оди во третиот претфилтер - тип PX 05со полипропиленска мембрана (5 микрони) во кој се отстрануваат нечистотиите поголеми од 5 микрони.
Од третиот претфилтер водата влегува во главниот филтер со полупропустлива мембрана.
Под влијанието на притисокот, со процесот на обратна осмоза, главниот филтер ја чисти водата од соединенијата на солите на тешките метали, вирусите, бактериите и од други нечистотии поголеми од 0,0005 микрони.
Од главниот филтер прочистената вода, со дотек кој се регулира со автоматската завртка, влегува во резервоарот под притисок, а од него водата оди во крајниот јаглено-полипропиленски филтер кој го подобрува вкусот на водата за пиење пред директната употреба.
Отстранетата нечистотија во форма на т.н. валкана вода истекува од филтерот со посебен излив во канализацијата.





                                                              Монтиран Базис F-300

НО-БЕЛ Диспензер




НОБЕЛ ДИСПЕНСЕР е уред за греење и ладење на вода со привлечен изглед и со 3 функции:
НОРМАЛНА ВОДА, ЛАДНА ВОДА, ТОПЛА ВОДА.
Посакуваната функција се избира со притискање на одредениот прекинувач: нормал / ладна / топла вода.
Нобел диспенсер не преставува филтер за прочистување на вода!

          НОРМАЛНА ВОДА
Голем резервоар за вода со собна температура 18-22°C, со зафатнина од 8 л и со покажувач на нивото на водата.

            ЛАДНА ВОДА
Резервоар со ладна вода со капацитет од 4 л.
Постојаното одржување на температурата на водата од 4-12°C е регулирано со електронски термостат.
Еколошки регулирано ладење на водата заради некористење на фреон.

            ТОПЛА ВОДА
Функција на загревање на водата.
Можност на загревање на водата до 98°C.
Резервоар за топла вода од челик што не 'рѓосува со зафатнина од 2,5 л.
Автоматско исклучување на загревањето кога резервоарот е празен.

НОБЕЛ ДИСПЕНСЕР комбиниран со вграден Нобел модел - JUNIOR F 200, BASSIS F 300 или UNIVERSAL F 500 формира фантастично функционална целина.
Вградениот Нобел филтер ја прочистува водата, а НОБЕЛ ДИСПЕНСЕР прочистената вода ја складира, лади или загрева.

            НАМЕНА
ЗА СТАРИТЕ НОБЕЛ КУПУВАЧИ!
За сите стари Нобел купувачи на вградувачки модели на филтери служи како феноменално дополнување на веќе вградениот филтер под името NOBEL DISPENSER CH 100.
Сервисерот го исклучува од функција веќе вградениот резервоар под притисок и Нобел славината, а НОБЕЛ ДИСПЕНСЕР-от го поврзува директно на вградениот Нобел филтер.
ЗА НОВИТЕ НОБЕЛ КУПУВАЧИ!
За сите нови Нобел купувачи со кој било вградувачки модел на Нобел филтер под името NOBEL DISPENSER CH 101.
Во тој случај не се испорачува и не се вградува резервоар под притисок и Нобел славината бидејќи стануваат потполно непотребни.




НО-БЕЛ 2002



НО-БЕЛ 2002 Бизнис



НО-БЕЛ 2009 Бизнис




НО-БЕЛ Професионал