За НО-БЕЛ сервис

Posted in

NOBEL Corporation е водечка фирма во Европа за пласман на еколошки системи за третирање на водата со најсовремена технологија. Покрај уредите за домаќинствата фирмата е специјализирана и за индустриски постројки, хотели, пекари и сл. Корпорацијата НОБЕЛ има претставништва во 19 земји во Западна и Источна Европа. Со работа во Македонија започна во 2002 година, со фирма која ги покрива активностите во Македонија, Албанија и Косово. На цело ова подрачје досега НОБЕЛ сервис има монтирано преку 1800 системи за прочистување на вода, по пат на реверзна осмоза. Овластена сервисна служба врши вградување и редовно сервисирање на уредите. Во изминатиот период системи на НОБЕЛ се вградени во голем број училишни и предучилишни објекти, а најголеми акции за вградување на овие системи беа во Босна и Херцеговина, и Косово под спонзорство на Меѓународната заедница. Нашите уреди со системот на предфилтери и главно прочистување преку реверзна осмоза, од водата ќе ги отстранат механичките нечистотии, хлорот, тешките метали, хербицидите, пестицидите, вирусите, бактериите и друго. Обратната (реверзна) осмоза, исто така позната како хиперфилтрација, е речиси совршен процес на филтрирање на водата. Овој процес овозможува отстранување на најситните честички од водата. Обратната осмоза се користи за прочистување на водата и отстранување на анорганските минерали, соли и останати нечистотии со цел да се подобри изгледот, вкусот и останатите особини на водата. На тој начин се добива квалитет на водата кој ги задоволува и најбараните спецификации. Во природата постапката на осмоза ја користат растенијата, по пат на помал внатрешен притисок, од земјата ги црпат хранливите материи и ги пренесуваат низ полупропустливите мембрани до последниот лист на врвот. Во осмотската мембрана се одвива обратен процес. Отворите на полупропустливата осмотска мембрана се толку ситни и ги задржуваат најголем дел од нечистотиите на водата, дури и молекулните споеви. Најмалата позната бактерија е со големина 0,2 микрони, најмалиот вирус 0,002 микрони, а отворот на полупропустливата мембрана е со големина 0,0005 микрони. Од оваа компарација се гледа дека ниту вирусите ниту бактериите не можат да помината низ отворот на мембраната. Денес обратната (реверзна) осмоза останува метод кој најмногу допринесува за здравиот начин на живеење, а воедно овожможува економско стопанисување со ресурсите на вода, па поради тоа овој изум се смета како еден од најголемите технолошки пресвртници во овој век. НО-БЕЛ-СЕРВИС ДООЕЛ Тел: 046/782-200, 071/305-192 078/311-755 070/844-882 , сервис Скопје: 070/523-761 ул. Маршал Тито бб (згр,Кјуби) Струга SasoBorceBasis@yahoo.com, nobelservismk@gmail.com Ви гарантираме дека водата која поминува низ нашите уреди ги задоволува сите највисоки светски норми за вода за пиење.

1 comments:

Anonymous said...

«Бенджамин Бриэль Ли всегда был очень профессионален, держал меня в курсе всего, что происходило. Если у меня были какие-либо вопросы, он всегда был готов ответить. Это была моя первая покупка дома, я мало что знал о процессе кредитования, он помог мне понять, о чем у меня возникли вопросы. Мне очень понравилось с ним работать.
Он - специалист по кредитам, работающий с группой инвесторов, которые готовы профинансировать любой проект или одолжить вам любую сумму с очень низким процентом. Связаться с Бенджамином Бриэлом Ли E-Mail: lfdsloans@outlook.com Whats-App Number: + 1-989 -394-3740.

Post a Comment