ДА СЕ ПИЕ САМО ЧИСТА ВОДА!

Posted in

Вистинска чиста вода за вас и Вашето семејство е Нобел водата

НОБЕЛ мисли на Вашето здравје и на тоа дека секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи

НОБЕЛ уредите служат за подобрување на квалитетот на водата во домаќинствата, индустријата и сл. Се употребуваат како додатни елементи споени на водоводната инсталација со сопствен резервоар и славина.


Уредите работат на принцип на механичко прочистување со осмотска реверзибилна осмоза која се покажа како најефикасна и најефтина за експлоатација во однос на степенот на прочистување.

Предности во користењето на Нобел чистата вода:

· се препорачува за новороденчињата

· не ја менува аромата на храната при готвењето (напротив, вкусот е појак поради тоа што водата не е презаситена со каменец и може да растопи повеке супстанци од храната)

· го забрзува метаболизамот па е незаменлива кај диетите, идеална е за чајници, пегли на пареа и други уреди за тоа што не остава траги од бигор

· гарантирано чиста вода во случај на еколошки хаварии или оштетувања на водоводните цевки

· секогаш ја има во доволна количина без купување и носење

· нуди финансиска заштеда во однос на купувањето на вода од продавница

· го намалува нивото на шекерот во крвта кај дијабетичарите

· го нормализира зголемениот крвен притисок

· го намалува нивото на маснотии во крвта

· влијае смирувачки на пациентите со гастритис или пореметувања во системот за варење

· водата не содржи токсични елементи . . . . .

21. ВЕК – СТОЛЕТИЕ НА ВОДАТА


Периодот во кој зачекоривме службено е прогласен за СТОЛЕТИЕ НА ВОДАТА од страна на УН.

Важноста на водата за одржување на животот, неговиот развој и исполнување е исклучително голема, ниедна телесна функција не е можна без вода.


Кои се задачите на водата во човечкиот организам?


правилен крвоток, работа на мозокот, размена на материите во организмот ( метаболизам ), регулирање на телесната температура, функционирање на бубрезите и уринарниот тракт, работа на дигестивниот тракт (желудник, црева и правилно варење), работа на мускулите и нервниот систем, за транспорт на хранливите материи до секоја клетка, правилна функција на зглобовите и коскениот систем, елиминација на отровите од организмот.
Едноставно, нема живот без вода како за човекот така и за сите живи суштества.

Какво влијание има водата во развојот на децата?


Во телото на новороденчето има 80% вода.
Во првата година од животот тоа за три пати ја зголемува својата телесна тежина. Мајките внимателно ја одбираат храната, но дали доволно обрнуваат внимание на најважното - чистата вода?

Денес се повеќе се чувствува недостаток на квалитетна вода за пиење. Причината треба да се бара во фактот дека само 1% од водената маса која изнесува 71% од површината на нашата планета, е прикладен за пиење; и во постојаното загадување на тие води од страна на човекот.

Најчестите загадувања во водата се хемиски загадувања, пестициди, јаглеродни и нафтени феноли, тешки метали, олово, бакар, хром, кадмиум, жива и цинк. Од термичките загадувања присутни се киселите дождови, издувните гасови од автомобилите, радиоактивни загадувања каде што наоѓаме присуство на стронциум и радиум. Од каде доаѓаат загадувањата од тој вид? Површинските води ( реки, езера ) примаат голема количина на отпадни води кои содржат биолошки, хемиски, органски и неоргански загадувања.

На тој начин се загадува земјиштето во околина на реките и езерата, што има последици на поширокото опкружување.

ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ МОРА ДА ЗАДОВОЛИ ОДРЕДЕНИ ХИГИЕНСКО – ЗДРАВСТВЕНИ КРИТЕРИУМИ. Тоа подразбира микробиолошка, физичко-хемиска и органилептичка исправност на водата. Науката допушта 5% од водоводната вода годишно (17 дена годишно) да бидат микробиолошки неисправни, и хемиски неисправна вода до 20%, практично 72 дена во текот на годината, бидејќи тоа не остава последици по здравјето. Тоа одговара на светските стандарди, кои се применуваат и кај нас. Но, водата во процесот на дезинфекција, од произведувачот до потрошувачот на чешма, мора да содржи одредена количина на хлор; од 0,3 до 0,5 мг по литар вода која перманентно ја внесуваме. Во зависност од садржината на органските материи може да дојде до специфична реакција со хлорните препарати и да настане една група на соединенија трихалометани кои се мутагени, т.е. канцерогени.

Проф. др Владимир Јорга

Институт за хигиена и медицинска екологија при Медицинскиот факултет во Белград

Возрасна личност во текот на животот внесува околу 200 кг камења во организмот, а тоа се минералите од неорганско потекло

Нашите води се толку тврди и навистина човек за време на целиот свој живот може од бигорот да ги направи тие 200 кг камења. Тогаш почнуваат да се ствараат камења во жолчката и бубрезите, стеснување на крвните садови,зголемување на притисокот, зголемување на шекерот, општо пореметување на метаболизмот.И научно е докажано дека таквите неоргански минерали му прават на организмот непоправлива штета. Како можеме да сезаштитиме од тоа?

Едноставно, конзумирајќи чиста, здрава вода.


Што е всушност вода?






Н2О! Два атома водород и еден атом кислород врзани во молекул на вода. Сето останато што излегува од нашата славина, а не е Н2О, во најголем случај се нечистотии.

Како се добива Здрава ВОДА?

Здрава ВОДА је слатка, освежителна вода, со одличен вкус, са висок процент на растворен кислород и голем потенцијал на настанување на природни антиоксиданти по пат на редокс реакција. Здрава ВОДА се добива од чиста вода, прочистена со филтрирање и реверзна осмоза која моментално е најсовршен процесс на прочистување кој ја исклучува примената на хемиски средства. За таа цел се користат нетоксични мембраникои ги пропуштаат само молекулите на вода, задржувајќи ги органските инеорганските елементи, бактериите и вирусите што ги содржи водата.

Проф. др Владимир Јорга

Институт за хигиена и медицинска екологија при Медицинскиот факултет во Белград

Обратната (реверзна) осмоза, исто така позната како хиперфилтрација, е речиси совршен процес на филтрирање на водата.

Овој процес овозможува отстранување на најситните честички од водата. Обратната осмоза се користи за прочистување на водата и отстранување на анорганските минерали, соли и останати нечистотии со цел да се подобри изгледот, вкусот и останатите особини на водата. На тој начин се добива квалитет на водата кој ги задоволува и најбараните спецификации. Осмотските мембрани кои се користат во оваа постапка имаат толку ситни отвори низ кои можат да поминат скоро само молекули на чиста вода, а сите нечистотии остануваат на мембраната и се исфрлаат преку одводот како технички отпадна вода. Со ваквиот начин на прочистување се добива вода за пиење со висок квалитет која може да се користи и за медицински цели.

0 comments:

Post a Comment